07 Јули, 2020
0.0697

Тутунски Комбинат Прилеп со дивиденда од 2,4 милиони евра од заедничката компанија со Филип Морис

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2020

Тутунски Комбинат Прилеп (ТКП) доби дивиденда од 2,4 милиони евра од компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), што претставува зголемување за 58% споредено со дивидендата добиена за минатата година. Дивидендата, исто како и за претходната година, во најголем дел ќе биде искористена за сервисирање на наследените стари долгови кои ги има Комбинатот и финансирање на Планот на подобрување на продуктивноста преку реструктуирањето спроведено во текот на 2018 година. ФМТКП е заедничка компанија на Филип Морис Интернешнел и ТКП, формирана во 2014 година согласно Договорот за заедничко вложување меѓу водечката меѓународна тутунска компанија и Комбинатот од Прилеп.

ТКП со децении беше на листата на најголеми загубари во земјата, чие работење и опстојување, со оглед дека е најголем откупувач на тутун од најголемиот тутунопроизводен регион во земјата, зависеше од постојани дотации од државата како негов мнозински сопственик. Благодарение на стратешкото партнерство со Филип Морис, согласно финансиските извештаи за 2019 година, ТКП излезе од листата на загубари. Ова е многу значајно достигнување, бидејќи ТКП ги има сите предуслови да полека прерасне во една профитабилна фирма, со подобрена ликвидност, продуктивност и ефикасност.


Можеби ќе ве интересира

Лукаревска: ДДВ во угостителството 10 отсто, за занаетчиите 5 проценти

Лукаревска: ДДВ во угостителството 10 отсто, за занаетчиите 5 проценти

Кои се битолските милионери?

Кои се битолските милионери?

БЕРБА ПОД МАСКИ: Овоштарите се плашат дека нема да можат да најдат сезонци

БЕРБА ПОД МАСКИ: Овоштарите се плашат дека нема да можат да најдат сезонци

Macedonia Timeless укинато уште пред три години, за ребрендирањето ќе се чека нов владин мандат

Macedonia Timeless укинато уште пред три години, за ребрендирањето ќе се чека нов владин мандат

Забавени се нарачките за германските фабрики

Забавени се нарачките за германските фабрики

СЕВЕРНА И ЈУЖНА АМЕРИКА ЌЕ БИДАТ НАЈПОГОДЕНИ: Пандемијата ќе „скрати“ 400 милиони работни места

СЕВЕРНА И ЈУЖНА АМЕРИКА ЌЕ БИДАТ НАЈПОГОДЕНИ: Пандемијата ќе „скрати“ 400 милиони работни места

Скокнаа цените на угостителските услуги, но има еден исклучок

Скокнаа цените на угостителските услуги, но има еден исклучок

ЗАКАНА ЗА ЕКОНОМИЈАТА: Германија ќе достигне невработеност од 10 отсто?

ЗАКАНА ЗА ЕКОНОМИЈАТА: Германија ќе достигне невработеност од 10 отсто?

Чудно толкување на Град Скопје: Нема илјада евра субвенција за инвертер ако си се греел претходно на струја

Чудно толкување на Град Скопје: Нема илјада евра субвенција за инвертер ако си се греел претходно на струја