24 Април, 2024
0.0256

Тутунски комбинат од Прилеп потона за милион евра само за три месеци!

Објавено во: Економија 09 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Загуба од 1,1 милион евра од јануари до март годинава прокнижи Тутунскиот комбинат од Прилеп. Според консолидираниот извештај на загубарот, доставен до Македонска берза, оваа загуба е за 300.000 евра помала во спореба со онаа од истиот квартал лани. На страната на приходите од продажба, загубарот покажува подобри резултати во однос на првиот квартал во 2012 година. Вкупно 5,5 милиони евра Тутунскиот комбинат од Прилеп (ТКП) инкасираше за првите три месеци годинава , што е за 2,3 милиони евра повеќе (72%) во однос на истиот период лани. Анализата на приходите покажува и дека од продажба на домашниот пазар во првите три месеци од годинава ТКП оствари 4,2 милиони евра, додека од продажба на странските пазари 1,2 милиони евра. Минатата година пак, во периодот јануари-март ТКП од продажбата на цигарите во земјава оствари 3,1 милион евра, додека од продажбата во странство 51.544 евра, покажува финансискиот извештај на компанијата. Трошоците за вработените се речиси идентични  во првиот квартал годинава и во 2012 година – околу 1,2 милиони евра. На страната на расходите пак, промената на залихите на готовите производи и производството во тек во првиот квартал годинава достигна 4 милиони евра, наспроти 3,1 милион евра во истиот перид лани. ТКП натрупа загуба од 11,5 милиони евра лани Со загуба од дури 11,5 милиони евра Тутунскиот Комбинат од Прилеп ја заврши 2012 година. Податоците од неревидираниот консолидиран извештај на овој загубар објавени на Македонската берза покажуваат дека во 2011 година, Прилепски Тутунски Комбинат имаше загуба од неверојатни 25,5 милиони евра. Нејасно е како во време кога приватните компании Сокотаб, Струмица табак, Империјал тобако и Lions One работат профитабилно и влегуваат во топ 50 најголеми извозници од земјава, државниот Тутунски комбинат од Прилеп тоне во милионски загуби. Речиси 20 милиони евра инкасираше ТКП од продажба на цигарите во периодот јануари-декември 2012 година, што е 3,5 милиони евра повеќе (22%) во споредба со приходите од продажба за истиот период во 2011 година. Ова не беше доволно комбинатот да работи во позитива. Од продажба на домашниот пазар ТКП лани инкасираше 17,7 милиони евра (2,4 милиони евра повеќе од 2011 година) и 2,1 милион евра од продажба на странските пазари, што е за 1,2 милиони евра (133%) повеќе  во споредба со остварениот приход од продажба во странство во 2011 година. Според неревидираниот консолидиран извештај на овој загубар, трошоците за вработените лани го чинеа ТКП безмалку 5  милиони евра, наспроти 4,7 милиони евра во 2011 година. Расходите по основ на камати, курсни разлики и слични расходи изнесуваат  6,4 милиони евра, што е за 390% повеќе во споредба со 2011 година. За промена на залихите на готовите производи и производството во тек пак, ТКП лани потроши 3,1 милион евра или 65% повеќе отколку во 2011 година, покажуваат финансиските податоци. Во јули 2011 година генералниот директор на Комбинатот, Дерменџиев склучи договор со две кинески компании за производство на цигарите „јин-јин“ и „99“, при што уверуваше дека токму овие зделки трипати ќе ја зголемат продукцијата на комбинатот. К.П  

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска