ТУРСКИ ТЕК ПАТУВА НИЗ БАЛКАНОТ: Оваа земја почна да прима гас преку јужната пруга
Објавено во: Економија 02 Јануари, 2020
Бугарија започнала да прима руски гас преку гасоводот „Турски тек“, изјавил извршниот директор на „Булгартрансгас“, Владимир Малинов.
„Булгартрансгас и гасоводот на Русија ги завршија разговорите последниве денови во 2019 година и денес Бугарија започна да прима руски гас преку Турција наместо Украина“, рекол Малинов за бугарското национално радио, Тас, пренесоа медиумите од соседството.
Според неговите зборови, Бугарија годишно ќе добива 2,9 милијарди кубни метри гас, а гасната инфраструктура ќе биде подготвена да ја прими таа количина гас.
Малинов вели дека Бугарија ќе може да ја намали годишната исплата на транзит за околу 70 милиони лева (35 милиони евра) и дека цените на бензинот ќе бидат намалени за пет проценти.