(ВИДЕО) Турски пекар ќе го почести Путин, еве што подготвува за него
Објавено во: Свет 14 Јули, 2019
Турски пекар одлучи да го почести рускиот претседател Владимир Путин и за ракетите Ѕ-400 ќе му подготви најдобар бурек и ќе го прати во Кремљ.
Пекар од турскиот град Бурса, Хасан Аџар, чиј бурек влезе во Гинисовата книга на рекорди, изјави за Спутник дека има намера да испече традиционален турски бурек за претседателот Путин, а повод е почетокот на испораката на русктие противвоздушни ракетни системи Ѕ-400 на Турција.
„Почетокот на испораката на противвоздушните системи Ѕ-400 на Турција, за кои толку многу се зборува во нашата земја, беше добредојдена вест за нас. Сфаќајќи колку е важно за националната безбедноста на нашата земја, како и за односите меѓу Турција и Русија, сакам да дадам свој придонес за развој на односите меѓу нашите две земји. Поради тоа ќе ги вложам сите напори и ќе му испратам денеска во Кремљ, лично на Владимир Путин, наша традиционална пита - бурек“, вели пекарот.
Питата ќе биде со сирење и спанаќ. Вкупната тешина на пакетот ќе биде 4 килограми. Според неговите пресметки, пратката во Москва треба да стигне во рок од пет дена, додека „бурекот може да се јаде уште десет дена од денот на печењето“. Аџар во 2012 година влезе во Гинисовата книга на рекорди за најголем бурек, чија должина била 2.023 метри.