ТУРЦИТЕ НЕМААТ МИР: Денеска нов земјотрес
Објавено во: Балкан 26 Јуни, 2020
Нов земјотрес денеска ја погоди Турција по вчерашниот.
Потресот со јачина од 5,5 степени, го погоди северот на Турција.
Епицентарот бил во градот Саруханли, во провинцијата Маниса, на длабочина од девет километри.
Информативниот канал Хабер Турк објави дека земјотресот е почувствуван и во областите во близина на Измир, Ајдин и Мугла.
Градоначалникот Бесим Дутлулу изјави за каналот Хабер Турк дека граѓаните ги напуштиле своите домови во паника, но дека, колку што се информирани, никој не е повреден.
Луѓето се повредиле додека бегале.