ТУРЦИТЕ МОЖАТ ДА ЗДИВНАТ: Инфлацијата се намали
Објавено во: Економија 05 Август, 2024
Инфлацијата во Турција се намали на 61,78 отсто.
Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција во јули се зголемени за 58,91 отсто на годишно ниво, како и цените на транспортот за 46,07 отсто, услугите во хотелите, кафулињата и рестораните за 76,04 отсто. Понатаму следат облеката и обувките со 39,57 отсто, услугите во здравството со 63,02 отсто, но во сите наведени категории годишниот раст на цените е побавен во однос на јуни.
Во јули годишната стапка на инфлација се намали од 71,6 отсто во јуни на 61,78 отсто, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат.
Ова е вторo намалување на годишната инфлација во Турција по седум последователни месеци раст, а инфлацијата во државата сега е најниска од октомври 2023 година.
Претходно, Турција имаше највисока инфлација во Европа.foto freepik.com