Потрес од 4.8 степени го погоди западниот дел на земјата.
Епицентарот бил во градот Киркагач, во покраината Маниса.
Земјотресот се случил во 14.26 часот по локално време, на длабочина од 6,99 километри.
Објавено во: Балкан 28 Јануари, 2020
Уште еден земјотрес е регистриран денеска во Турција, по што граѓаните од страв ги напуштија домовите.
Потрес од 4.8 степени го погоди западниот дел на земјата.
Епицентарот бил во градот Киркагач, во покраината Маниса.
Земјотресот се случил во 14.26 часот по локално време, на длабочина од 6,99 километри.
Во Турција вчера е прекината спасувачката операција по земјотресот од петокот од 6.8 степени, во кој загинаа 41 лице.
Акцијата беше прекината затоа што припадниците на службата за вонредни ситуации го пронашле последното тело на лицето по кое се трагало.
Досега од под урнатините се извлечени и спасени 45 лица.
Еден од министрите даде и изјава која ги исплаши сите, дека ќе има нов силен земјотрес во Истанбул.Само денеска на турско тло имало повеќе од 10 послаби земјотреси.
Обвинителството започна истрага, но не против одговорните, туку - против критичарите.
На Балканот земјотрес од 3.7 степени е регистриран во Загреб.