Турција ќе добие пари од ЕУ за бегалците
Објавено во: Балкан 11 Декември, 2019
Европската Унија на Турција ќе додели 6 милијарди евра за бегалците.
Ова е според договорот склучен во 2016 година.
Од Европската Комисија истакнале дека досега се исплатени 2.7 милијарди евра. Другата преостаната сума од 4.3 милијарди евра, веќе е договорено да се исплати реку агенците кои помагаат во реализирање на договорот.
Во замена за финансирањето и другите работи, Анкара во 2016 година се согласи да ги спречи мигрантите и бегалците кои се обидуваа да стигнат до европските земји.
Последните месеци Анкара ја повика Европската Унија, да ги зголеми своите фондови, додека се жалеше дека ветуваните пари не се предадени и се закани дека ќе ги отвори портите за бегалците.
Турција е земјата со најголем број на бегалци во светот. Таа има милиони бегалци во своите граници, вклучувајќи ги тука и 3.6 милиони луѓе кои се со потекло од Сирија.