21 Април, 2021
0.0192

Турци за 6,5 милиони евра ја купија фабриката за кабли во Неготино од банка и се пред добивање на субвенции

Објавено во: Економија 05 Март, 2021

Комерцијална банка го продаде движниот и недвижниот имот на Фабриката за кабли во Неготино, позната уште и како „ФКН“, за 6,5 милиони евра на компанија од Турција, а за сериозноста на инвеститорот зборува и интересот на Владата да склучи договор за државна помош.

Последно што се знае за оваа фабрика е дека во 2014 го загубија спорот со деловната банка по бројните претходни контроверзности што ја следеа а во меѓувреме раководителите, меѓу кои повеќето странци, заработија кривични пријави од полицијата, поради тоа што го ставија имотот под хипотека за помала вредност без дозвола од акционерското собрание.

Продажбата од 6,5 милиони евра ја најави и премиерот Зоран Заев на сесијата од пратенички прашања во Собранието, а од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ни рекоа дека договорот за државна помош е блиску до потпишување, но дека името на купувачот неможат да го откријат.

- Ние ќе го потпишеме договорот за државна помош, но не можеме да изнесуваме детали. Она што можеме да кажеме е дека продажбата е финализирана и дека ситуацијата сега таму е чиста, ни рекоа од кабинетот на Битиќи.

Стечајниот управител Богољуб Макревски исто така потврди дека продажбата е успешно завршена со турскиот инвеститор и дека во истата влегува и недвижниот и подвижниот имот на фабриката.

- Продажбата е спроведена преку извршна постапка, а во истата се вклучени зградите и опремата за производство, ни рече Макревски.

Инаку АД „ФКН“ не работи повеќегодишен период иако беше една од најпознатите фабрики во тиквешкиот регион.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Државата ќе дели дополнителни 8,5 милиони евра годишно за дневници за јавниот сектор што работи во недела

Државата ќе дели дополнителни 8,5 милиони евра годишно за дневници за јавниот сектор што работи во недела

ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ: Помош за угостители, туристички водичи, естрадни уметници

ШЕСТИ ПАКЕТ МЕРКИ: Помош за угостители, туристички водичи, естрадни уметници

Познато е колку ќе чини шестиот пакет мерки

Познато е колку ќе чини шестиот пакет мерки

Ќе има 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за туристите во земјава

Ќе има 50 илјади бесплатни ПЦР тестови за туристите во земјава

Народна банка дозволи: Може да имате странска сметка за да купувате акции во странство

Народна банка дозволи: Може да имате странска сметка за да купувате акции во странство

Преполно пред Министерството за финансии: Угостителите и туристичките работници бараат Владата да го почитува изборниот слоган „Можеме“

Преполно пред Министерството за финансии: Угостителите и туристичките работници бараат Владата да го почитува изборниот слоган „Можеме“

Шокантно откритие на Лукаревска: Мартовска плата не добиле 54.662 работници

Шокантно откритие на Лукаревска: Мартовска плата не добиле 54.662 работници

Брендот Shell отсега достапен во државата

Брендот Shell отсега достапен во државата

Бектеши: Рестораните за свадби можно е да отворат на крајот на мај

Бектеши: Рестораните за свадби можно е да отворат на крајот на мај