28 Март, 2024
0.0273

TTK Банка оствари добивка од 40,6 милиони денари во првите 6 месеци од 2021 година

Објавено во: Економија 30 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Првата половина од 2021 година беше обележана со справување со т.н. трет бран на пандемијата на вирусот COVID-19, почеток на масовна имунизација на населението и постепено олабавување на рестриктивните мерки за превенција, што допринесе за попозитивни изгледи за претстојниот период. Сепак и понатаму постои степен на резерва заради ризиците поврзани со појавата на новите мутации на вирусот коишто ќе го условат понатамошниот карактер и времетраењето на кризата.

Во тековната економска клима, ТТК Банка АД Скопје успеа да постигне забележителни резултати, што повторно ја одразува одржливоста на нејзиниот деловен модел и успешното управување со сите деловни аспекти од работењето, како во редовни така и во вонредни услови.

Во периодот од 1.1.2021 до 30.6.2021 година, ТТК Банка АД Скопје, приспособувајќи го своето работење на специфичните економски и пазарни услови предизвикани од пандемијата на вирусот COVID-19, постигна ефикасна реализација на приоритетните цели и задачи во согласност со Деловната политика и со финансискиот план на Банката за 2021 година.

  Преку своето редовно оперативно работење, Банката успеа да генерира позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 87,7 милиони денари, кој е за 43,1 % повисок во однос на истиот период минатата година, како резултат на побрзиот раст на оперативните приходи во однос на оперативните трошоци. Во истиот период, исправката на вредност на финансиски и нефинансиски средства на нето-основа изнесува 47,1 милиони денари.

  Финансискиот резултат за период јануари - јуни 2021 година изнесува 40,6 милиони денари, што е за 32,3 % повисок во однос на истиот период минатата година.Во однос на финансискиот план за 2021 година, финансискиот резултат го надминува планираниот резултат за овој период за 23,2 %.Остварениот позитивен финансиски резултат во првата половина од 2021 година е со квалитет што ја зацврстува стабилноста на Банката и перспективата за здрав раст во наредниот период.

§  Известување за промени во сметководствените политики и методите на вреднување

Заклучно со 30.6.2021 година, нема промени во сметководствените политики и методите на вреднување.

§  Финансиски остварувања на Банката

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката. Остварените нето-приходи од камати во периодот од 1.1.2021 до 30.6.2021 година изнесуваат 130,8 милиони денари и бележат намалување од 3,2 % во однос на истиот период минатата година. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 97,8 % од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 92,7 милиони денари и се зголемени за 52 % во однос на минатата година. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има зголемениот обем на трансакции во платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство, како и провизиите коишто потекнуваат од кредитирање. Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 105,9 % од планираните за овој период.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 5,2 милиони денари и бележат раст од 20,7 %. Во однос на планот се остварени со 109,7 %.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 20,9 милиони денари и се остварени со 96,6 % од планираните за овој период.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 164,4 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 3,5 %, како резултат во најголем дел од повисоки материјални и административни трошоци. Планот е остварен со 95,7 %.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 46,9 милиони денари или за 53,5 % повисока во однос на истиот период претходната година и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Во првата половина од 2021 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 0,1 милиони денари.

§  Исплатени дивиденди

На ден 11.3.2021 година, Банката го објави Јавниот повик за учество на Годишното собрание на акционери, коешто се одржа на 15.4.2021 година, преку писмена кореспонденција, во согласност со Законот за трговски друштва.

 На седницата на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје беше донесена Одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка за 2020 година со која износот од 81.709.920 денари oстанува како задржана добивка расположлива за распределба на акционерите, до денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплата на дивиденда:

(1) со престанок на важност на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките бр. 02-15//III-6/2021 од 26.2.2021 година („Сл. весник на РСМ“ бр. 47/26.2.2021) или

(2) со донесување решение, одлука или друг акт на надлежен орган со кој за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда.

  На денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда на еден од начините предвидени во претходниот став, задржаната добивка расположлива за распределба на акционерите во износ од 81.709.920 денари ќе се распредели како дивиденда за обични акции.

§  Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30 % од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Материјалните средства (недвижности, постројки и опрема) се повисоки за 17,5 % во однос на 31.12.2020 година, што главно се должи на зголемени вложувања во недвижности, остварени преку пренамена на преземени средства.

§  Промени во кредитни задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30 % споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

  Обврските по кредити во однос на декември 2020 година бележат намалување за 40,7 % главно како резултат на вратени краткорочни позајмици од пазар на пари и отплата на обврските по кредити.

§  Очекувања за претстојниот период

  Банката и понатаму внимателно ќе ги анализира тековните макроекономски параметри, ќе ги следи мерките, активностите и предвидувањата на економските авторитети и носителите на економските политики и операторите и ќе ги усогласува интерните индикатори, и ќе го приспособува нејзиното работење на пазарните услови, со фокус кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.

  Според очекувањата на ММФ, рецесијата предизвикана од пандемијата на COVID-19, ќе остави помали економски штети отколку глобалната финансиска криза во 2008 година. Сепак, економиите во развој коишто се најпогодени од оваа криза, ќе претрпат позначајни негативни последици на среден рок. Понатамошниот развој ќе зависи од патеката на здравствената криза, вклучувајќи ја и делотворноста на вакцините врз новите мутации на вирусот, од што во голем дел зависи дали ќе имаме продолжување на пандемијата.

  Банката ќе продолжи да дејствува проактивно, фокусирајќи се кон стабилно и профитабилно оперативно работење врз основа на реални и на предвидливи очекувања. Растот на кредитната активност се очекува да продолжи да се реализира преку работата со населението и со малите и средни претпријатија, паралелно со севкупното закрепнување на економската активност и на зголемената побарувачка за кредити. Притоа, Банката ќе ги презема сите неопходни активности за одржување на квалитетот на портфолиото, развој на понудата на производи и изнаоѓање флексибилни решенија приспособени на потребите на клиентите - правни и физички лица кои се најзасегнати од COVID-19 кризата. Одржувањето ниска стапка на ненаплатливи кредити како еден од поизразените трендови претставува континуирана цел и во иднина ќе се реализира преку ефикасни политики на навремено дејствување, продажба на ненаплатливите кредити и очекувања за подобра наплата како последица на очекуваната економска стабилизација.

  Креирањето одржливи и ефикасни процеси, реализацијата на планираниот обем на активности предвидени со деловната политика, понудата на нови производи приспособени на потребите на клиентите, натамошниот развој на дигитализација на процесите, надградбата на производите и услугите достапни преку дигиталните канали и потпирањето на сопствените извори на финансирање и понатаму ќе претставуваат основа на деловната стратегија на Банката за оваа 2021 година, при што и натаму депозитите од секторот население остануваат со доминантно учество во вкупните извори на средства.

Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“