21 Октомври, 2021
0.0214

ТТК Банка ќе им ја исплати каматата на имателите на корпоративната обврзница

Објавено во: Финансии 13 Септември, 2021

ТТК Банка АД Скопје ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 3,5 проценти на годишно ниво на имателите на корпоративна обврзница од прва емисија на обврзници, соопштија денеска од банката. Исплатата на камата ќе се изврши на 20 септември годинава.

Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница - прва емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.09.2021 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 16 и 17 септември 2021 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 364 и 365 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 20 и 21 септември 2021 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена плус акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 20 и 21 септември 2021 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата, стои во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

ИНФЛАЦИЈАТА СЕ ОЧЕКУВА ДА „СПЛАСНЕ“ ДУРИ ИДНАТА ГОДИНА - средба на гувернерката Бежовска со шефицата од ММФ

ИНФЛАЦИЈАТА СЕ ОЧЕКУВА ДА „СПЛАСНЕ“ ДУРИ ИДНАТА ГОДИНА - средба на гувернерката Бежовска со шефицата од ММФ

ИНТЕРВЈУ ДАМЈАНОВИЌ: Во вкупниот број трансакции учествуваат околу 5.000 правни и физички лица, од нив 550 се редовни инвеститори

ИНТЕРВЈУ ДАМЈАНОВИЌ: Во вкупниот број трансакции учествуваат околу 5.000 правни и физички лица, од нив 550 се редовни инвеститори

ГУВЕРНЕРКАТА БЕЖОСКА: Ќе има ревидирање нагоре на стапката на инфлација, но тој раст нема да биде драматичен

ГУВЕРНЕРКАТА БЕЖОСКА: Ќе има ревидирање нагоре на стапката на инфлација, но тој раст нема да биде драматичен

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ФИНАНСИСКА КРИЗА И ДА СЕ ЗАЧУВА СТАБИЛНОСТА - власта крои закон за навреме да се „скенираат“ ризиците

КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ ФИНАНСИСКА КРИЗА И ДА СЕ ЗАЧУВА СТАБИЛНОСТА - власта крои закон за навреме да се „скенираат“ ризиците

ИНТЕРВЈУ ЃУРЃОВСКА, ПРОКРЕДИТ БАНКА: Штедењето треба да е што поавтоматизирано

ИНТЕРВЈУ ЃУРЃОВСКА, ПРОКРЕДИТ БАНКА: Штедењето треба да е што поавтоматизирано

15 години работа на вториот столб: Обезбедуваме услови за зајакнување на индивидуалните заштеди на членовите на пензиските фондови

15 години работа на вториот столб: Обезбедуваме услови за зајакнување на индивидуалните заштеди на членовите на пензиските фондови