Добивај вести на Viber
Црна Гора се задолжила 40 милиони евра кај Ерсте банка и Сосет Женерал, соопшти владата. Задолжувањето според изјавите на црногорската влада е со цел да се обезбедат средства за создавање на фискални резерви за првиот квартал од 2013-та година. Од министерството за финансии известија дека кредитот од Ерсте банка изнесува 30 милиони евра кои ќе се отплаќаат во рок од 5 години со грејс период од 6 месеци. Додека од Сосиет Женерал е подигнат кредит од 10 милиони евра. Периодот за отплаќање на тој кредит е исто така пет години со грејс период од 6 месеци.