ТРОЈНИОТ УБИЕЦ КОЈ ИЗВРШИ МАСАКР ВО СРБИЈА СИ ПУКАШЕ САМИОТ ВО ГЛАВА: Се самоуби кога го опколила полицијата

Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2021
44-годишниот
Енедин Т. кој денес изврши масакр кај Сјеница, се самоуби кога беше
опколен од полицијата. Тој е
осомничен за убиството на неговата поранешна сопруга, и нејзините родители, а во масакрот во селото Расно, кај Сјеница се ранети
уште три лица.
Самиот си пукал во глава во неговото родно село Долиќе, кога повеќе немал каде да бега, односно кога полицијата го опколила.
Рано утринава, во селото Расно, тој упаднал во куќата на неговата поранешна сопруга Бисера. (44) и ги убил неа и нејзините родители, таткото Фехим (64), и мајката Шефка, а го ранил нејзиниот брат Беким. (35), како и двајца соседи кои се нашле во куќата. Како што дознава српски Курир, во куќата биле и малолетните деца на Енедин и Бисера на возраст од 6 и 8 години. По интензивната потера во која учествувале хеликоптери, убиецот набргу бил лоциран во близина на селото Долиќе и бил опколен. Кога се нашол заробен, Енедин испукал еден куршум во главата.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Мајка ги фрли четирите деца од трети кат за да ги спаси

Словенци кои биле во Намибија се вратија дома заразени со јужноафриканскиот сој

Во соседна земја 12.000 луѓе годишно умираат од загаден воздух

СРБИЈА ГИ ЗАОСТРИ МЕРКИТЕ: Кафулињата, рестораните и трговските центри за викендот ќе работат до 14 часот

СЕ ШИРИ ЛАЖНА ВЕСТ ВО ХРВАТСКА: Сите новинари прашувале дали починала госпоѓата што прва ја прими вакцината

Доктор Славица ги разбива дилемите: Од што зависи јачината на имунитетот по примање на вакцината Aстра/Зенека

(ВИДЕО) СНИМЕН Е ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ДУБРОВНИК: Само еден човек се шеташе на улица
