18 Февруари, 2025
0.0279

ТРОЈЦА СЕ ВО БЕГСТВО, ШТЕКЛИ Е ВО ПРИТВОР, А ТОА СЕ БАРА ЗА УШТЕ ДЕВЕТМИНА - ова ги чека членовите на бандата кои продаваа дрога по нашите улици

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Од вчера, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, на подрачјето на Градот Скопје се спроведува координирана акција во соработка со МВР. Одделот за специјални полициски операции изврши претреси на 20 локации во Скопје и на една локација во Гевгелија. При претресите пронајдени и одземени се бројни предмети поврзани со нелегална продажба на дрога и наркотични супстанци, брифирало Обвинителството за организиран криминал.

Од слобода се лишени 10 лица за кои постои основано сомневање дека се членови на криминална група која подолг временски период извршува кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и наркотични средства. Осомничените – членови на криминалната група, дистрибуирале и организирале улична продажба на наркотични супстанци директно до корисниците. 

Постапувајќи по кривичната пријава, поднесена од МВР, надлежниот обвинител издаде наредба за спроведување на истражна постапка против 14 лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Ценејќи ги околностите, поврзаноста на осомничените, како и кривичните дела што им се ставаат на товар, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за 10 лица, еден од осомничените е веќе во притвор, а останатите тројца не се достапни на органите на прогонот.

Со оглед на тоа дека активностите во врска со оваа акција сѐ уште траат, јавноста навремено ќе биде информирана во текот на наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Честитката за независноста на Косово е упатена преку МНР

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Честитката за независноста на Косово е упатена преку МНР

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

(ВИДЕО) ПО ПОВОД 17 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Група скијачи поставиле џиновско знаме на Попова Шапка

(ВИДЕО) ПО ПОВОД 17 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Група скијачи поставиле џиновско знаме на Попова Шапка

ОЈО: Извршен увид во Вишото обвинителство за случајот на злоупотреба на функција

ОЈО: Извршен увид во Вишото обвинителство за случајот на злоупотреба на функција

НАД 11.000 ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ОВА СЕЗОНА – ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ ВО БОЛНИЦИТЕ: Забрана за посета на хоспитализираните пациенти

НАД 11.000 ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ОВА СЕЗОНА – ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ ВО БОЛНИЦИТЕ: Забрана за посета на хоспитализираните пациенти

ДУИ ОБВИНИ ДЕКА ОВА Е ПРЕСЕДАН: Тврдат дека државниот врв не ја честитал независноста на Косово

ДУИ ОБВИНИ ДЕКА ОВА Е ПРЕСЕДАН: Тврдат дека државниот врв не ја честитал независноста на Косово

ГАШИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: На мејл му пишале дека ќе влезат во Собрание и ќе убиваат ако ги внесат Бугарите во Уставот

ГАШИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: На мејл му пишале дека ќе влезат во Собрание и ќе убиваат ако ги внесат Бугарите во Уставот

Митко Јанчев повторно пријави дека му се закануваат, едно лице веќе доби осум месеци затвор

Митко Јанчев повторно пријави дека му се закануваат, едно лице веќе доби осум месеци затвор

КОЦЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ И КАЖА ЗОШТО ЈА ПРЕДЛОЖИЛ КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА ЗА ШЕФИЦА ЗА ВЈО: „Нарушени се меѓучовечките односи“

КОЦЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ И КАЖА ЗОШТО ЈА ПРЕДЛОЖИЛ КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА ЗА ШЕФИЦА ЗА ВЈО: „Нарушени се меѓучовечките односи“