Трипуновски: Загрозена егзистенцијата на тутунопроизводителите
Објавено во: Економија 04 Април, 2020
Тутунопроизводителите немаат договори за наредната реколта, обвини денеска дополнителниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски. Тој повика на итно решавање на овој проблем, нагласувајќи дека е загрозена егзистенцијата на илјадници семејства. Бара откупувачите да се свикаат на средба во Влада и да се договори стратегија.
-Она за што изминативе месеци укажував и предупредував денес за жал е реалност. Таканаречената реформа на Николовски, Димковски и Заев денес ги остави тутунарите без договори за наредната реколта. Веднаш да им се реши проблемот на тутунопроизводителите. Да се викнат откупувачите во Влада и да се договори стратегија. Тутунопроизводството не смее да замре. Илјадници семејства леб вадат од таа дејност, објави денеска Трипуновски.