24 Април, 2024
0.0271

Три месеци се чека за нега од друго лице, Бајрактар вели од понеделник ќе биде се во ред

Објавено во: Економија 03 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во моментов три месеци е отежнато издавањето на решенијата од центрите на Министерството за труд и социјална политика за паричен надоместок за помош и нега од друго лице а во меѓувреме се закани и коронавирусот. Ѓонул Бајрактар, заменик-министерот за труд и социјална политика, денеска ги смируваше засегнатите кои си ги очекуваат своите права дека решенијата почнале да се потпишуваат.

- Најнова вест е дека се потпишани правата на надомест и од понедленик граѓаните ќе ги добијат сите, рече на денешната прес-конференција Бајрактар, одговарајќи на големиот број на поплаки на застојот од голем временски период.

Огромен број на предмети се бокирани по законската одлука да се формираат 15 стручни комисии, од кои 5 се во Скопје, наместо едната комисија на национално ниво. Бајрактар.најави дека во наредниот период  и тие што не се внесени во системот на социјална заштита а остварувале приходи од неформална економија, ќе бидат внесени во системот со гарантирана минимална помош и енергетски додаток.

- Оние што сега се без работа во неформална економија, ќе бидат брзо внесени во системот преку остварување на правото на миниманата гарантирана помош. Ќе ја добијат врз основа на вкупната приходна основа на сите членови од семејството од последниот месец, наведе Бајрактар.

Заедно со дополнителната заменик-министерка за труд и социјална работа, Санела Шкриељ, ја уверуваат јавноста дека системот е дизајниран лесно да се прилагодува на бројот на граѓаните што ќе побараат помош во наредниот период.


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска