Три месеци ниту една европска земја нема да може да го набави лекот Ремдесивир
Објавено во: Свет, Корона Вирус 01 Јули, 2020
Германија има залихи, а другите земји нема да можат да купат лек кој помага во третманот на заболени од Ковид -19.
САД ја набави целата светска резерва на лекот Ремдесивир кој се покажа успешен во лекувањето на коронавирусот.
Во следните три месеци ниту една европска земја ќе нема можност да го набави овој лек, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп купи повеќе од 500.000 дози што е вкупно производство за јули, август и септември.
Германија засега обезбедила доволни резерви од лекот „ремдесивир“ и очекува производителот „Gilead“ да обезбеди доволно од овој лек за идните потребни, објави во средата германското министерство за здравство.
Ремдесивир е првата одобрена терапија за вирусот од американските здравствени власти.
Истражувањата покажаа дека овој лек го забрзува заздравувањето за четири дена, кај пациентите кои се во болница и се со тешки симптоми, а во исто време ја намалува и смртноста од вирусот. Лекот беше произведен пред 5 години за лекување на еболата, но не ги даде очекуваните резултати.
Инаку, Македонија ќе се вклучи во заедничка набавка на лекот Ремдесивир.
Европската агенција за лекови препорача одобрување на лекот ремдесивир за пациенти со коронавирус.