Три грчки региони се во вонредна состојба поради земјотресите
Објавено во: Балкан 05 Март, 2021
Прогласена e вонредна состојба во три грчки региони поради земјотресите.
Регионите на Тирнавос, Потамија и Фаркадона, се во вонредната состојба која, според тамошните агенции, ќе биде во сила шест месеци од денот на настанувањето на земјотресот, односно до 3 септември. Вонредната состојба е воведена по наредба на заменик-министерот за цивилна заштита и управување со кризи Никос Хардалиас. Грчките весници пренесуваат дека вонредната состојба ќе им овозможи на жителите и општинските власти да имаат право на човечка помош и финансирање за реконструкција на штета на стотици домови и компании, како и делови од мрежата за патишта и водоснабдување. Пред два дена централниот дел на Грција беше погоден од два силни земјотреси со јачина од 6,3 и 5,9 степени.
И денеска имаше повеќе умерени и слаби земјотреси во Грција.Силен земјотрес од 5.9 степени синоќа ја стресе Грција, но беше почувствуван и во цела Македонија. По силниот земјотрес во Лариса, имаше материјални штети, но и 11 повредени.