28 Март, 2024
0.0297

Три Б – Битиќи, Бесими и Бектеши го пресекоа Гордиевиот јазол на бизнисот

Објавено во: Економија, Колумни 10 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот!


Да не избиеше кризата со коронавирусот, готово сигурно беше дека Комората ќе организираше комеморативен собир на 10-годишнината од поднесувањето на првата иницијатива за формирање на холдинг друштва во Северна Македонија. Тоа ќе беше пародија на изгубеното време, на изгубениот профит и на бавноста на администрацијата. При концептирањето на тој настан, во главата ми се вртеше мислата дека повторувањето е мајка на знаењето, но веројатно упорноста е мајка на остварувањето! Целта, со тој настан, ми беше да ја алармирам јавноста дека создавањето на поволно бизнис опкружување за балкански прилики, е многу тешка работа. Ние знаеме дека нашите убедувања за определени решенија во корист на бизнисот траат со години. Но, прашањето за холдингот, за неданочните давачки и за царинските тарифи траат навистина предолго. Се разбира, почетокот на пандемија не беше време за тоа. Неверојатно, но вистинито,  Владата на РСМ собра храброст и во најтешките моменти на кризата одлучи да ја прекине негативната пракса на повеќегодишни процедури и заедно со учесниците на платформата за јавно-приватниот дијалог, реши да ги симне овие прашања од дневен ред. Во моментот, реалната состојба е, дека заеднички работни групи на Владата, надлежните министерства и надлежните комори ги привршуваат последните подготовки, овие три решенија, да влезат во владина процедура. Знам дека буквата Б има посебно значење (Бранко, безбедност, бизнис), ама неверојатно е дека тројцата клучни членови на Владата кој го туркаат процесот се презиваат Битиќи, Бесими и Бектеши.

Еве неколку примери како доказ за нашата упорност да имаме активна улога во донесувањето или измената на прописите сè со цел, да се отстранат определени правни празнини или недоречености, кои се од значење за подобрување на деловната клима.

1.  Иницијатива на СКСМ за законско нормирање на холдингот;

2.  Иницијатива на СКСМ за ревидирање на парафискалните и неданочни давачки;

3.  Иницијатива на СКСМ за ревидирање на царинските стапки и нивно усогласување со царинските стапки на Европската Унија;

4.  Иницијатива на СКСМ за воспоставување на даночен календар;

5.  Иницијатива на СКСМ за практична примена на електронската фактура во државата;

6.  Иницијатива на СКСМ  поврзана со член на 218 од Законот за извршување.


Во минатите мои колумни стана збор и за работењето на ЕНЕР-от како сериозна алатка за дијалог помеѓу државата и бизнисот. Во исто време, се зацврстува и внатрешната кохезија  внатре во Комората во која еснафските здруженија стануваат секој ден се поактивни. Оваа недела се договара втората фаза на вакцинирањето на бизнисот. Истовремено, во Трст, коморите на земјите на Западен Балкан се договараат за продолжување на започнатата постапка за имунизација на регионално ниво. Исто така, не очекува и средба со најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе разговараме како одговорни чинители за прашањата од наша надлежност.  Сè на сè, во бизнис заедницата врие како во кошница во пресрет на случувањата кои ќе ја определат нашата перспектива да излеземе од кризата помудри или ќе заглавиме во балканската неперспектива.

П.С. Во петок, на седницата на Управниот Одбор на Коморскиот инвестициски форум што ќе се одржи во Белград, заменик премиерот на Владата, Фатмир Битиќи, ќе поднесе иницијатива во име на Владата на Република Северна Македонија за изедначување на условите за привлекување на странските инвестиции во регионот на Западен Балкан. Со тоа ќе се овозможи да се изедначат условите и ќе се спречи меѓусебната конкуренција што им дава предност на странските компании во преговарањето.


Бранко Азески Претседател на Стопанска комора на Северна Македонија


Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?