20 Јуни, 2019
0.0228

Трговците на горива притискаат кај Бислимовски да се зголеми маржата

Објавено во: Економија 15 Април, 2019

Горивата може ќе поевтинат, но може и да поскапат со новата методологија на пресметка штом новодонесениот закон за енергетика ќе стапи во сила, најави Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторна комисија за енергетика. Во моментов трговската маржа за продажба на нафтените деривати изнесува 3,2 денари за литар, но трговците бараат да се зголеми на нешто повеќе од шест денари. 

На 30 април годинава ќе се донесе последната одлука за цените на дериватите по постојната методологија. На 8 мај завршува обврската да се применува постојната методологија за цените на нафтата и нафтените деривати што е определена со Анексот на Договорот за продажба на ОКТА.

Во моментов се изработува новата методологија за определување на цената на нафтените деривати. 

- Прерано е да се каже дали новата методологија ќе предизвика зголемување или намалување на цените, но очекувам дека ќе бидат тука некаде и дека нема да предизвикаме ценовни шокови, изјави денеска Бислимовски.

Во изработка на новата методологија учествуваат претставници од најголемите трговски компании со нафта и нафтени деривати, Министерството за финансии и останатите државни институции што се поврзани со прашањата за нафтата и нафтените деривати.
Пресметката нема да се заснова само на производна цена, туку основа ќе и биде цената на суровата нафта на светските берзи на која ќе се додадат определени трошоци како премии на трговците, транспортот од пристаништата до резервоарите во кои трговците ги складираат нафтените деривати, трошок за пренесување од складиштето до бензинските пумпи, трошок за маржа,…


Можеби ќе ве интересира

Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

Мила Царовска: За прв пат исплатени пензии без задолжување

Мила Царовска: За прв пат исплатени пензии без задолжување

Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Теменугов: Буџетот е растегнат како мрсулче

Теменугов: Буџетот е растегнат како мрсулче

ВМРО-ДПМНЕ: Главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување

ВМРО-ДПМНЕ: Главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување

Нова светска економска криза во 2020 година

Нова светска економска криза во 2020 година

Идната година ќе ги укинат квотите за странски работници

Идната година ќе ги укинат квотите за странски работници

МИСТЕРИЈА: Kaде е златото на СССР?

МИСТЕРИЈА: Kaде е златото на СССР?

Павле Гацов даде пример како да ви се врати максимално дозволениот износ на ДДВ од 28.000 денари годишно

Павле Гацов даде пример како да ви се врати максимално дозволениот износ на ДДВ од 28.000 денари годишно