25 Април, 2024
0.0285

ТРГНАЛЕ НА СВЕТО МЕСТО, НО „ЗАВРШИЈА“ ВО ПЕКОЛ, во несреќата на полскиот автобус во Хрватска патувале верници

Објавено во: Балкан 07 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Полски автобус кој сообраќал од град во близина на Варшава за Меѓугорје вчера во 5 часот и 20 минути удрил во канал на автопатот од Вараждин кон Загреб, а во страшната несреќа загинале 12 патници. Несреќата се случила во близина на градот Брезина, а ниту еден од 43-те патници не избегал неповреден. Единаесет Полјаци загинале на лице место, еден починал во болница во Загреб, а неколкумина се борат за живот.

Една од патничките во автобусот прва ја пријавила несреќата со мобилен неколку минути откако автобусот едноставно „излетал“ од патот, по што на лице место пристигнале бројни возила за итна помош. 

Шефот на противпожарната служба од Брезнички Хум, Иван Иванчан, вели дека вакви ужаси не видел во својата повеќедецениска кариера.

- Тоа беше како хорор филм. Возачот прелетал низ прозорецот, од целосно уништениот автобус се слушаа врисоци, а мртви тела лежеа на патот. Во автобусот немало деца, туку верници кои сакале да го посетат Меѓугорје, кое е оддалечено речиси 2.000 километри од Полска - кажал Иванчан.

Бројни амбулантни возила ги пренеле ранетите во блиските болници во Вараждин и Чаковец, а најтешките случаи во КБЦ Ребро во Загреб. Инспекторите не сакаа веднаш по несреќата да потврдат дали автобусот слетал на најсовремениот автопат поради замор на возачот, но изгледа најверојатно.

На тој дел од патот нормално нема сериозни сообраќајни незгоди бидејќи се работи за модерен автопат со сета потребна сигнализација. Останува истражителите да ги утврдат околностите кои довеле до страшната несреќа, бидејќи се чини дека автобусот со полна брзина удрил во ѕидот. Специјалците го подигнале искршениот автобус за да утврдат како точно се случила несреќата. На првата снимка се гледа дека автобусот удрил во каналот и бил затрупан речиси десетина метри во земјата.

Иако во последно време ослабна интересот на верниците од цела Европа да дојдат во Меѓугорје, сепак има многу кои го посетуваат местото кое Католичката црква не сака да го прогласи за свето место, каде што се појави „Богородица“.

Фактор веќе објави дека меѓу загинатите имало и свештеници и калуѓерки. 

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)