ТРЕТ ЗЕМЈОТРЕС: Вечерва повторно се стресе Загреб
Објавено во: Балкан 23 Март, 2020
Трет земјотрес е регистриран денеска во главниот град на Хрватска, Загреб.
Се работи за земјотрес со јачина од 3.2 степени.
Земјотресот бил со епицентар на 20 километри од Загреб, и на длабочина од 10 километри.
Претходно имаше два земјотреси во Загреб, а од вчерашниот потрес денеска во болница почина девојчето кое беше повредено.