29 Март, 2024
0.0245

Трендо: Убава е и тишината која сам ја мезиш

Објавено во: Стил 20 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Станувам минимум едно а некогаш и две кафиња пред другите. Поинаку не би можел да функционирам. Ако станам кога племето веќе забрефтало, потоа цел ден нема да можам да се снајдам и да се стигнам себе си. Затоа, лагано, пред нив, да му дадеш шанса на системот да се дигне на раат, да се дефрагментира без пречки од други процеси. Убав е и мирот на нивното спиење, убава е и тишината која сам ја мезиш. Таков секогаш сум бил, никогаш не се снаоѓав со брзање. И како млад Јагуар, палев како стар Голф. Син ми е на мене, ќерката е на Зока. Тие две се дигаат како Епл, ние двајца како Виндоус. Најубаво е кога ќе се стане пред Скопје да се разбуди. Кога со мојот град заедно се фуфкаме „Кај и да е, ќе станат!“ и во тоа име наздравуваме, јас сркајќи црно кафе тој сркајќи го последниот раат на темницата која ефикасно ги скрива неговите мани.

Читајте повеќе на Женски магазин, овде.