16 Април, 2024
0.0238

Транзициона генерација

Објавено во: Колумни 15 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Stop brain drain - Стоп за одливот на млади мозоци или Стоп за одливот на младата интелегенција, која е перспективна, најработоспосбна со потенцијал за себеразвивање, но и унапредување на општествените сегемнти, деновиве ми се актуелизираше оваа тема и оваа сентенца не ми излегува од глава читајќи официјална статистика за миграциите што се случуваат во нашата ни мила држава. Можеби и научно не мора да се занимавате со социолошки или демографски истражувања односно може и секој лаик да биде сведок на немото и прекутливо заминување на оние кои најмногу требаат за развојот на една држава. Дополнително ќе се фрапирате кога ќе ги погледнете официјалните бројки од заводот за статистика за профилот на кадри кои ја напуштиле нашата држава барајќи подобро место под сонцето некаде далеку на запад. Пособено ќе ве загрижи и замисли таквата тенденција на иселување ако сте дел од научната елита која се занимава со проблемот на миграциите. Ако останеме ригидни по прашањето на иселувањето тогаш иднината не ни е многу розова. Дилемите кои испливуваат на површина во рамките на научните кругови особено последните години, се однесуваат на барањето одговори на прашањата: дали сме свесни за стареењето на нацијата; дали сеуште под превезот на несериозност во поглед на една национална стратегија за ислеување ќе се прикриваме и ќе бидеме само неми сведоци на сето она што ни се случува во реалноста; уште колку треба прагот на толеранција да ни се развива за да конечно ја сфатиме сериозноста на проблемот со кој се соочуваме катадневно, а тоа е се почестото заминување на млади, образовани, интелегентни и перспективни луѓе од нашата држава. Дилеми, трилеми, поставени прашања и збунувачки одговори, често и нејаснотија во толкувањето на оваа проблематика и од страна на оние кои се најповикани за тоа. Искрено мислам дека црвеното светло е оддамна запалено, алармот одамна вреска и не предупредува за сериозноста на проблемот и она што мора да го сфатиме најитно е дека ако останеме ригидни по прашањето на иселувањето и ако сериозно не ја сфатиме суштината на овој проблем, тогаш иднината не ни е многу розова. Генерација која се соочува со најголемиот проблем барање на соодветно место во општеството Транзиционата генерација, оние млади родени во периодот на осамостојување на државата многумина ја нарекуваа загубена генерација, други и го ставаа епитетот генерација која ќе донесе нови промени, трети со жалење говореа за вакум генерацијата или генерација која сама ќе треба да се избори со системот на вредности и норми кои во тој период и те како се менуваа. Е тоа е онаа генерација која сама се пробиваше и го бараше сопственото место во општеството во една навистина тешка транзициона општествена сфера, тоа е онаа генерација која иташе низ времето - невреме, тоа е онаа генерација која на свои плеќи мораше да ги износи сите промени што се сличија во општеството во кое живее. Е таа е генерација која е интелектуално и умствено способна да твори, создава, гради и надградува, генерација која ги голташе придобвиките од новите образовни реформи, но и генерација која се соочи со реалниот проблем, што по дипломирањето, што по заокружувањето на еден животен сегмент од животниот циклус. Погледнувајќи и на реалноста во очи оваа генерација се соочува со најголемиот проблем, барање на соодветно место во општеството, развивање и унапредување на сопствените квалитети и капацитети, можност и желба за развој, личен просперитет и потреба за докажување, но и за надградба на веќе стекнатото знаење, како и искористување на сите компетенции за кои тие се обучувале. Но, реалноста е сурова и сето горе споменато не е во можност да се оствари во една држава која што повеќе од 20 години ја боледува транзицијата. Токму оттука доаѓа и разочарувањето на младите интелекти кои соочувајќи се со реалноста мора да ја голтнат кнедлата која им стои во грлото за партиското пред сознајното, за врските пред индивидуалните квалитети и способности. Мал дел од нив замижуваат и се втурнуваат во суровото секојдневие прифаќајки ги правилата на игра во ова општество, а поголемиот дел интелектуално и умствено изграден и надграден не може да премолчи пред обесправеноста и затоа несомнено не многу среќни одат своите знаења и капацитети да ги истакнат и да се себереализираат далеку од матичната татковина. Државата без тронка двоумење да им понуди на оние кои веќе се докажале соодветно место во општествената хиерархија Каде сте македончиња, кај отидовте. Дали мислите да се вратите во татковината. Но и дали сеуште ве држи родољубивоста и желбата да дадете придонес за развојот на родната ви грутка. Секој добронамерник и искрен патриот си го поставува горе споменатото прашање и секој чесен родољубец искрено посакува сите оние умови кои се одлеале од нашата земја и кои постигнале максимум во својата кариера далеку од неа да се вратат во матичната татковина и како вистински патриоти да помогнат да исплива државата од болестите што ја мачат повеќе од 20 години. Но, колку и да сте вистински вљубеници во татковината и колку и да имате болка за неа едно треба да биде јасно, првенствено самата држава да направи услови и без тронка двоумење да им понуди на оние кои веќе се докажале и покажале соодветно место во општествената хиерархија, да може да го искористи нивниот ум и знаење од една страна, а од друга страна и самите тие да имаат можност и да напредуваат и да творат за државата. Само така со една сериозна национална стратегија може да се репарира она што со години е зацементирано и може да се работи на проспертитет и прогрес на нашето општество, бидејќи ако анемично сеуште реагираме на одливот на млади умови иднината нема да ни биде толку розова. Проф. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозовски факултет Скопје (УКИМ)  

Можеби ќе ве интересира

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Ерменија оди во прегратки на Западот – до каде ќе стигне?

Ерменија оди во прегратки на Западот – до каде ќе стигне?