ТРАМП СЕ СМИЛУВА: САД делумно ќе ја финсираат СЗО
Објавено во: Свет 16 Мај, 2020
Администрацијата на
американскиот претседател Доналд Трамп е спремна делумно да го обнови
финасирањето на Светската здравствена организација, пренесува Фокс Њуз.
Како што се наведува, трамповата администрација е согласна да плати износ онолку колку што е придонесот на Кина. Американскиот претседател привремено го запре финасирањето на СЗО на 14. Април, обвинувајќи ја организацијата дека промовира „кинески дезинформации“ за пандемијата на корона вирусот, порачувајќи дека неговата администрација ќе ја преиспита работата на СЗО.
Тогаш, официјалните претсатвници на СЗО ги негираа ваквите тврдења, а Кина остана на ставот дека постапувала транспарентно и отворено. САД се најголемите финасиери на СЗО, а со сегашната најава дека износот ќе биде исто колку што плаќа и Кина, ќе изнесува околу десеттина од претходно издвоените пари од околу 400 милиони долари.