Трамп го нападна биткоинот, а го брани доларот
Објавено во: Економија 08 Јуни, 2021
Екс американскиот претседател Доналд Трамп го нападна биткоинот, а го брани доларот.
Биткоинот е „измама” што влијае на вредноста на американскиот долар, изјави Трамп за „Фокс бизнис”. Трамп кажа дека сака доларот да биде „валута на светот”.
„Не ми се допаѓа затоа што е друга валута што се натпреварува со доларот“, изјави тој.
Вчера Ел Салвадор објави дека се подготвува да го прифати биткоинот како законско средство за плаќање.
Според некои прогнози, тој може да достигне вредност до 100.000 долари.