29 Март, 2024
0.0252

Трајкоска: Со донацијата од Филип Морис ТКП учениците добија можност за квалитетен образовен процес

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Средното општинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ од Прилеп во кое учат 825 ученици, со донација од Филип Морис ТКП, вредна  80 илјади долари,  доби нова најсовремена опрема за изведување практична настава од електротехничка струка, како и целосно реновирање на просториите каде се врши практичната настава за потребите на образовните профили од таа струка. Филип Морис ТКП е практично првата општествено-одговорна компанија која инвестира сопствени средства во подобрување на образовните капацитети во ова училиште, што е дел од континуирана иницијатива на компанијата за општествен придонес во заедницата преку помагање и унапредување на образовните процеси во повеќе училишта во Република Македонија.

За вредната донацијата и за тоа што таа значи за ова средно општинско училиште зборуваме со директорката Билјана Трајкоска.

Филип Морис ТКП донираше средства во висина од 80.000 долари за модернизација на вашето училиште. За што се искористени средствата и што тоа ќе значи за ова средно училиште кое е едно од поголемите во Прилеп?

Оваа вредна донација е од исклучително значење за нашето училиште бидејќи благодарение на неа добивме огромно подобрување на условите, но и на начинот на кој се одвива образовниот процес. Со средствата од донацијата се изврши модернизација на училишните кабинети за практична настава од електротехничка струка,со тоа што се постави нов под, се изврши санација на внатрешните ѕидови и замена на внатрешните врати, а се постави и ново расветлување и инсталација.Со средства од донацијата овие училишни кабинети се опремија со училишен инвентар и со специјализирани школски електротехнички лаборатории за потребите на наставниот процес, а изведени се и градежни зафати во кабинетите на наставниците. Дополнително градежни зафати во целост се изведени и во уште два училишни кабинети во кои се реализира настава од теоретски стручни предмети, како и од предметот Информатика, каде согласно потребите, компанијата Филип Морис донираше и соодветна компјутерска опрема.

На овој начин е извршена модернизација и подобрување на условите за реализација наобразовниот процес во училиштето, како и подобрување на целосниот квалитет на наставата и работата нанаставниот кадар. Особено што сега учениците ќе имаат можност за поефикасно изведување на практичната настава, бидејќи добивме најсовремена опрема, со што по завршување на средното училиште ќе бидат оспособени веднаш да бидат вклучени напазарот на труд.

Колку новите услови за работа и новата опрема ќе влијаат на квалитетот на одвивање на наставата?

Новите подобрени услови во кои започнуваме да работиме во новата учебна година несомнено позитивно ќе се одразат на самиот квалитет на наставата и кадрите што излегуваат од кај нас.

Оваа донација за нас, како едно од поголемите средни училишта во Прилеп, има непроценливо значење затоа што ние пред сè сме центар засредно стручно образование и имаме директен импакт во локалното стопанство во Прилеп.

Во денешно време кога постојано се потенцира дека во земјава недостасува доволно кадар кој е обучен според потребите на пазарот и стопанството, за поздравување е тоа што компанија, која има директно влијание на локалната, но и на економијата на земјата во целина, ја препознава потребата да интервенира во образовните капацитети, односно да помогне да се создаваат навистина квалитетни и добро обучени кадри.

Со Тутунски комбинат Прилеп ќе потпишете и Меморандум за разбирање. На што ќе се однесува тој?

Со Меморандумот за разбирање ќе се овозможи во иднина во капацитетите на фабриката, во текот на целата година да се изведува практична настава за учениците.Ова е многу важно бидејќи сето она што децата го учат во наставниот процес или што го вежбаат во училишните лаборатории, сега ќе можат практично да го увежбуваат и во стопански капацитет.

Ваквото практично искуство и за нив, но и за стопанството ќе биде непроценливо бидејќи тие полесно ќе можат да се вклучат во пазарот на труд и да најдат работа, а компаниите ќе добијат обучен кадар кој веднаш ќе може да се искористи во производниот процес.


Можеби ќе ве интересира

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV