28 Март, 2024
0.0254

Трајан Димковски ги објави субвенциите за двајцата земјоделци кои даваа изјави на протестот

Објавено во: Агробизнис 28 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Трајан Димковски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, по вчерашниот протест на земјоделците, кој власта го оцени како политички мотивиран, денеска на прес-конференција рече дека двајцата фармери, кои дале изјава за медиумите, веќе добиле пари за субвенции.и ги наведе сумите.

„Не мислам, туку тоа се покажа. Веќе тоа го најавив што очекуваме на последниот прес. Тоа се потврди, дека не само што се мотивирани, туку се и организирани од политичка партија, која самата истакна дека ги поддржува. Само да ви кажам дека токму од земјоделците кои што даваа изјава, едниот за оризова арпа има добиено 130.000 денари субвенции, додека другиот за одгледување овци има добиено 194.000 денари. Мотивот е повеќе од јасен“, рече Димковски, одговарајќи на новинарско прашање дали вчерашниот протест бил политички мотивиран.

Земјоделците вчера преку протестен марш низ скопските улици го изразија својот револт кон власта. Се жалеа на ненавремена исплата на субвенциите, како и на нецелосно исполнување на барањата испорачани пред една година. Организатор на протестот беше Здружението на сточари „Агроцентар“ од Велес, а беше поддржано и од други земјоделски здруженија.

„Самите земјоделци беа тука на оваа маса за да се договараме. Технички за сите оние прашања што се од земјоделски и економски аспект се разговара на оваа маса. Додека за политичките барања нема што да седнуваме и да разговараме ние овдека како Министерство за земјоделство“, додаде Димковски.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи