ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи
Објавено во: Македонија 03 Декември, 2024
Младо моче од Куманово загина денеска на неговото работното место во Гевгелија.
Дечкото со иницијали Б.Б. имал само 21 година, а тој се повредил при извршување на градежни активнсоти во зграда во градот. При работата паднал и се здобил со тешки повреди од кои подоцна починал.
Тој напрво бил пренесен во болницата во Гевгелија, но поради лошата состојба во која бил, медицинските екипи го препратиле за Скопје, но за жал тој починал на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
- Во Полициската станица Гевгелија денеска било пријавено дека при извршување градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија, Б.Б.(21) од село Орашац, Кумановско, паднал и се здобил со тешки телесни повреди.
Тој бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија - се посочува во билтенот.