ТРАГЕДИЈА: Бил неправедно осуден, и откако се спаси од затвор загина во земјотресот
Објавено во: Балкан 26 Ноември, 2019
Aлбанец излегол од затвор откако бил неправедно осуден, по што загина во земјотресот кој ја погоди земјата.
Новинарката која работи на емисијата „Бум“, Аријана Лоче, идентитетот на жртвата го објави на социјалните мрежи.
Се работи за Кристијан Преци, кој само што излегол од затвор откако бил неправедно осуден, а потоа загина, пренесува „Индексонлајн“.
Според информациите на новинарката Лоче, Пречи бил неправедно осуден и по обраќањето во нејзината емисија, бил ослободен по петмесечниот престој и издржување на казната.
Новинарката изрази сочуство за семејството на загинатиот.Силен земјотрес однесе над десет животи во Албанија и направи големи штети.
Многу земји, меѓу кои и Македонија понудија помош. Нашата земја од државниот буџет ќе одвои околу 100.000 евра како првична финансиска помош за санирање на последиците од земјотресот.
Албанија ноќеска беше погодена од силен земјотрес со јачина од 6,4 степени. Се стресе и Западна Македонија.
фото Аријана Лоче