22 Јануари, 2025
0.0369

Традиционална донаторска акција во Веро: Заокружи сметка за весели празници на децата од СОС Детско село

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Со цел да обезбеди подобра иднина за децата без родители и родителска грижа, но и да ги поттикне граѓаните индивидуално да донираат во рамки на своите можности, Веро во празничниот месец декември повторно ја организира традиционалната донаторска кампања „Заокружи сметка“. Собраните средства од оваа кампања, како и во годините претходно, се наменети за дополнителна финансиска поддршка на децата од СОС Детско село.

Во оваа донаторска кампања може да се вклучи секој потрошувач кој пазарува во Веро маркетите до крајот на месецов, односно до 31 декември. При плаќањето на каса, потрошувачите можат да ја „заокружат“ сметката со дополнителен износ по свој избор и според своите можности и на тој начин таа дополнителна сума да ја донираат за децата од СОС Детско село. Со донацијата овозможуваат секое дете да има весели празници, но и помагаат за посветла иднина на децата без родители и родителска грижа. 

- Ние во Вероверуваме во моќта на давањето и силата на заедницата. Затоа со гордост ја продолжуваме традицијата на партнерство со СОС Детско село за заеднички со потрошувачите да му помогнеме на секое дете да ја доживее магијата на празниците. Индивидуалната филантропија создава значајни промени во општеството, без оглед дали тоа е мал знак на внимание или позначаен придонес. Секоја донација е важна и директно создава среќни спомени на децата на кои им е најпотребна. Многу сме среќни што успеваме дарежливоста да ја направиме заедничка традиција со нашите потрошувачи и заедно да донесеме насмевки на детските лица – вели Петар Денковски, генерален директор на Веро.   

Потрошувачите веќе ги заокружуваат своите сметки во Веро и со тоа активно се вклучуваат во донаторската кампања. Како што истакнуваат од Веро, оваа традиционална хуманитарна акција која го поттикнува индивидуалното донаторство е уште еден доказ дека индивидуата има голема моќ и можност да дејствува и прави промени во различни области од општественото живеење, особено кога станува збор за најранливите групи во заедницата.  

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

НА ПАТ КОН ПОЧИСТА ИДНИНА – КОМПАНИЈАТА ЕЛЕКТРО ЕКО ГРИЖА ГО ОЛЕСНУВА РЕЦИКЛИРАЊЕТО НА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

Xiaomi го проширува портфолиото на AIoT со нови производи: Redmi Buds 6 сериja, Redmi Watch 5 и Xiaomi Power Bank 10000

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

United Group влегува во производството на обновлива енергија со почетна инвестиција од 120 милиони евра во Бугарија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Xiaomi најави лансирање на серијата Redmi Note 14 на пазарот во Северна Македонија

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

Врвни перформанси и извонредно визуелно искуство со Galaxy телефоните и таблетите

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

ФДА одобри комерцијализација на никотинските кесички ZYN во САД

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

Сигма-СБ добитник на награда за верификуван македонски ИКТ производ

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!