19 Април, 2024
0.0261

Топлификација ја контрира Владата за ТЕ-ТО

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Здружението за заштита на правата на акционерите на Топлификација АД пред десетина дена постави јавно објавени прашања до владата на РСМ поврзани со државната помош дадена на ТЕ-ТО АД, но како што посочуваат до денеска немаат добиено одговори на истите. 

„Очигледно е дека поставените прашања од Здружението на акционери на Топлификација АД не се пријатни за Владата и таа избегнува јавно да одговори на нив“, велат од Здружението.

Во меѓувреме, владата даде изјава за Фактор, во која објаснува зошто го одложиле плаќањето на ТЕ-ТО по основ на данок на добивка.

-Во тој случај „отпишаните обврски“ согласно Планот за реорганизација повторно ќе се трансформираат во реални обврски на компанијата спрема доверителите и ќе немаат третман на добивка, а со тоа и даночната обврска – данокот на добивка за 2018 година по основ на отпишани обврски, повеќе нема да постои и државата нема да ја наплати, велат од Владата за Фактор.

После ова, денес повторно реагираа од Здружението на акционери на Топлификација АД, од каде посочуваат дека за разлика од Владата, ревизорската куќа којашто го ревидирала извештајот на друштвото за 2018 година утврдила дека добивката постои, па дури УЈП пресметал и данок на добивка.

-За да нема дилеми ниту во Владата ниту во прес службата на Владата, добивката постои и тоа многу реално и тоа го знаат Топлификација АД и ред други фирми кои се оштетени за над 40 милиони евра. Таа штета на овие фирми е дел од 120 милионската добивка на ТЕ ТО АД за 2018 година. За ТЕ ТО АД да покаже реална добивка, од 120 милиони евра, Топлификација АД во лажниот стечај на ТЕ ТО АД претрпела огромна штета од над 33 милиони евра на денешен ден, согласно на пресудата на Врховен Суд, велат од Топлификација.

Од таму додаваат дека стечајот и Планот за реорганизација за ТЕ-ТО се ништовни, од поради што Топлификација и Управата за финансиска полиција поднесоа кривични пријави.

-Загубите кои ТЕ ТО АД ги прави од 2014 до 2016 година се последица на јавното признание изнесено во Планот за реорганизација на ТЕ ТО АД за кој Владата многу се грижи да не пропадне. Во тој План за реорганизација е јасно посочено дека загубите се и поради условеноста ТЕ ТО АД да купува гас од дефинирана офшор фирма и да продава електрична енергија на дефинирана трговска фирма која електричната енергија треба да ја извезе од државата. Ваквото јавно признание значи непазарен извоз на електрична енергија од државата и непазарен увоз на природен гас во државата. Оваа пракса е школски пример за перење пари, велат од Топлификација.


Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб