20 Април, 2024
0.2054

РЕЗУЛТАТИ ЗА ПРВ КВАРТАЛ: Македонски Телеком ги зголеми инвестициите во мрежата, расте бројот на корисници

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком во првите три месеци од 2020 година бележи позитивни резултати и покрај работењето во услови на вонредна состојба и пандемија. И понатаму продолжува трендот на раст на бројот на корисници во мобилната телефонија, интернетот и телевизијата. Приходите од продажба на Македонски Телеком во првите три месеци од 2020 година, во споредба со претходната година, се зголемени за 4 отсто и изнесуваат 2.619 милиони денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е намалена за 2,7 отсто заради зголемување на оперативните расходи во споредба со истиот период од претходната година.

Пораст на корисничката база

Бројот на корисници во сите сегменти од првите три месеци на 2020 година бележи пораст. Со раст од 0,6 отсто на корисничката база, вкупниот број на корисници во мобилниот сегмент изнесува 1,2 милиони претплатници. Зголемена е базата и на корисници коишто имаат пристап до широкопојасен интернет за 4 отсто, што се должи на континуираната работа на терен и покрај пандемијата, при што вкупниот број изнесува 205 илјади. Македонски Телеком и понатаму останува на позицијата лидер во ТВ сегментот на пазарот, нудејќи екслузивни содржини и уникатно ТВ искуство. Со растот на бројот на корисници за 5,5 отсто (вклучувајќи ги Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), во првите три месеци од 2020 година МКТ ја зацврстува својата позицијасо база од над 137 илјади претплатници.

Квалитетната мрежа е клучна за виталните функции во општеството

Македонски Телеком и во услови на пандемија континуирано и со несмалено темпо инвестира во капацитетите на мрежата со цел непречено функционирање и квалитетни комуникациски услуги во услови на огромна побарувачка за интернет.

„Од почетокот на кризата ги насочивме сите ресурси, човечки и финансиски, во зајакнување на мрежните капацитети за да одговориме адекватно на новонастанатата ситуација. Имаме голема одговорност, затоа што сè мора да функционира перфектно во време кога сите работат, учат и се информираат онлајн. Вложувањето во инфраструктурата ќе остане наш приоритет, бидејќи мрежата е крвотокот и предуслов за дигитализација на општеството“, изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком. 


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!