Добивај вести на Viber
Тони Трајковски, поранешниот градоначалник на Гази Баба, пред медиумите побара да се одмори на клупата пред Кривичен суд каде денеска се одложи рочиштетот за случајот „ТНТ“ а тој е меѓу обвинетите за рушењето на „Космос“.
Денешното судско рочиште кое започна од почеток и требаше да се дадат воведни зборови, Трајковски приложи боледување од психичка природа. Извештајот е од Психијатрија, од докторката Викторија Вујовиќ.
Обвинетиот Тони Трајковски под рака со неговиот бранител Јовица Страшевски го напушти судот.
„Онде ќе седнам на клупата“, рече Трајковски, по што Страшевски го однесе и побара од медиумите да не го снимаат.