25 Април, 2024
0.0518

Тони Трајковски ги излечи повредите, конечно се појави на суд

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Тони Трајковски, поранешниот градоначалник на Гази Баба, конечно се појави на судење за случајот „ТНТ“ за насилното уривање на „Космос“ откако претходно во неколку наврати обвинетиот не беше присутен на неколку рочишта во низа, а во меѓувреме имаше препукување со закани помеѓу Кривичниот суд и неговиот адвокат, при што оставка си поднесе една поротничка.

Минатиот месец Трајковски не дојде на судењата откако прво пријави дека бил претепан од непознати и засега неоткриени лица, а потоа и дека се лекува од повредите во Клиничкиот центар. Не дојде ниту вчера, откако судскиот курир не го нашол дома за да му ја достави поканата, по што судијата Огнен Ставрев го предупреди дека за денеска ќе биде доведен со полиција доколку не се појави.

Во меѓу време во овој предмет оставка поднесе поротничката Лилјана Ивановска Кочковска и на нејзино место беше назначена нова поротничка и уште еден резервен, а процесот започна од почеток.

“ТНТ” започна пред две години и сега повторно е на самиот почеток. Обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот премиер Никола Груевски, кому му се суди во отсуство.


Можеби ќе ве интересира

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско