25 Април, 2024
0.0928

ТОНЕ СЕ ПОДЛАБОКО: Од кој гигантот Боинг бара позајмица од 10 милијарди долари

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Авио-гигантот Боинг преговара со банките за позајмица од 10 или повеќе милијарди долари поради големите трошоци по несреќите на авионите 737 макс.

Ова за Ројтерс го кажал анонимен извор, а како што се пренесува американската компанија собрала најмалку 6 милијарди долари од банките досега. Изворот рекол дека тие паралелно разговарале со други заемодаватели за дополнителните суми.

Неименуван извор потврдил за Ројтерс во понеделникот информација за разговорите, но точната сума што Боинг се обидува да ја добие или дали тој одлучи да ги продаде новите обврзници сè уште не е позната.

Клучно прашање за Боинг е флексибилноста, со оглед дека е нејасно колку долго ќе бидат повлечени 737 макс авионите.

Во Боинг, одбиле да ги коментираат овие тврдења.

Ројтерс минатиот петок објави дека Федералната управа за авијација (ФАА) веројатно нема да го одобри враќањето на авионите во сообраќајот пред март, додавајќи дека тие би можеле да останат приземјени до април или дури и подолго, пренесува Индекс.

Авионите беа приземјени  во март минатата година по две несреќи во кои загинаа вкупно 346 лица.

Боинг вчера потврди дека привремено го прекинува производството на својот 737 макс во американската држава Вашингтон.

„Максималното производство на авиони е привремено запрено во постројката 737. Фабриката Рентон продолжува да работи бидејќи нашите тимови се фокусирани на неколку квалитетни иницијативи“, велат од компанијата.

Боинг проценува дека слетувањето на овие авиони ги чинело повеќе од девет милијарди долари досега. Бизнис извештајот од четвртиот квартал се очекува да покаже уште поголема сума, забележува Ројтерс.

Запреното производство исто така ги зголемува трошоците, како и исплатите за компензација на авиокомпаниите за изгубени летови.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?