28 Март, 2024
0.0259

Македонскиот текстил во магацините во странство: Нема нови нарачки, компаниите пред банкрот

Објавено во: Економија 22 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Тоне текстилната индустрија. Извозот се намалува и трендот не престанува. Домашните текстилни фабрики немаат начин како да ја пребродат кризата, па бараат нови мерки за директна поддршка од државата. Според најавите и да се стабилизира ситуацијата што е малку извесно набрзо, ним ќе им требаат нови шест месеци да се вратат во кондиција. Намалената ликвидоност, слабите нарачки, резултираат со смален обем на работа и стравувања за губење на работни места. Ќе тоне и нивната кондиција да опстојат. 

Ангел Димитров за Фактор вели дека во идните два месеци текстилните компании ќе го претрпат најголемиот удар од Ковид-19. Причината за ова ја лоцира во сезонскиот карактер на оваа дејност, зашто според него, во април и мај кога дуќаните во Европа беа затворени требаше да се продаваат артиклите од сезоната пролет-лето 2020 година. Сега овие производи се во магацините на партнерите на нашите домашни компании. Тие не можат да ги продадат нив, а камоли новите.

„Многу наши партнери не можат да прогнозираат колку нови артикли ќе треба да произведеме од октомври годинава до април следната година. Ако овие компании не добијат значителна државна помош за овој период сигурно дел од нив ќе се одлучат да отпуштат дел од вработените за да ја спасат компанијата од банкротирање, вели Димитров. 

Од Стопанската комора на Македонија велат дека следните неколку месеци ќе бидат одлучувачки за опстанокот на текстилната и кожарската индустрија. Најавите за намалување и откажување на нарачките од странските партнерите е најголем предизвик во моментов. Според проценките кои се базирани на најавите на странските купувачи, за следниот период се очекува намалување на продажбата на производите за фантастични 40 до 50 проценти во однос на претходните години. 

„Евидентно кај домашните компании е дека имаат намалени и откажани налози од страна на долгогодишните странски партнери, пред се’ од Германија која е наш најголем трговски партнер, каде за следниот период се очекува намалување на обемот на нарачките, т.е. помалку работа, односно компаниите може да очекуваат нарачки на помали серии, што наметнува предизвик кај компаниите да ја подобрат продуктивноста и да воведат флексибилно производство со брз премин од еден на друг производ, со што би можело да се одговори на ваквите промени на пазарните услови, вели Сашо Деспотоски, самостоен советник во Стопанска комора на Македонија

Текстилната индустрија, индустријата за облека и индустријата за производство на кожа и други производи од кожа учествуваат во вкупното индустриското производство на државата со 12,8 проценти, и вработуваат над 37.000 работници.

Вкупниот извоз на овие индустрии во 2019 година изнесувал над 540 милиони eвра, додека за првите шест месеци од 2020 година истиот изнесува 252 милиона евра, а при тоа над 93 отсто од роизводството е базирано на „лон“-принципот на работа за познат купувач.

И од Комората и од текстилните компании велат дека со поддршката од Владата ќе се поддржи конкурентноста, ќе се автоматизира и дигитализираат некои сегменти од производниот процес, набавка на нова опрема согласно со промените на пазарот, со цел зачувување на работните места и опстојување на компаниите во наредниот период.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

САНКЦИОНИРАН Е ВО УКРАИНА: Руски милијардер го купи „Звечево“

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?

ГЕРМАНИЈА: Koлкав економски раст очекува годинава?