24 Април, 2024
0.1638

Тонат економиите на три европски земји поради пандемијата

Објавено во: Економија, Корона Вирус 14 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Три европски земји имаат најголеми економски последици од пандемијата. 
Унгарија, Романија и Бугарија имаат најголем економски пад на квартално ниво. 

БДП во Бугарија се намалил за 9,8 отсто, објави Националниот статитстички институт на Бугарија. Вакви лоши податоци немало од 1997 година. 

БДП на Унгарија паднал за 14,5 отсто во вториот квартал во однос на првите три месеци од оваа година. 

Романија евидентира пад од 12,3 отсто во вториот квартал. 

Во вториот квартал на 2020 година, во однос на претходниот квартал, најмал пад е забележан во Финска – 3,2 отсто, Литванија – 5,1 отсто, Данска – 7,4 отсто и Летонија – 7,5 отсто.

Најголем економски пад според сезонски прилагодените податоци е регистриран во Шпанија – 18,5 отсто, Унгарија – 14,5 отсто, Португалија – 13,9 отсто и Франција – 13,8 отсто.

Споредено со истиот квартал лани, сезонски прилагодените податоци покажуваат намалување на нивото на БДП во ЕУ-27 за 14,1 отсто.

Поради коронавирусот еврозоната се движи кон историски најголема рецесија. 

Британија влезе во најдлабока рецесија досега.

Земјата влезе во најдлабока рецесија откако деновиве податоците покажаа дека економијата паднала за повеќе од која било друга земја од Г7, за време на појавата на коронавирусот во трите месеци до јуни, објави Канцеларијата за национална статистика (ОНС).

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска