Томовски: Талат Џафери на Мирчески му се заканил со распад на коалицијата поради владиниот авион

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2025
Ивица Томовски, директорот на служба за општи и заеднички работи, во емисијата „360 Степени“ ја повтори „анегдотата“ дека поранешниот собраниски претседател Талат Џафери ќе ја распаднел владината коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ поради владиниот авион,но овој пат откри на кого му се заканил.
Тој откри дека заканата била упатена кон неговиот претходник - поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески.
- Имаше некаков демант од страна на Талат Џафери, кој како претседател на Собрание побарал авионот да го искористи за одредена дестинација, не знам која е. Него му е укажано дека авионот се наоѓа на сервис, па доаѓа тука до расправија со тогашниот директор Пеце Мирчески дека можеби ќе се распадне коалицијата. Сега ова се зборови од внатре, од круговите на Службата. Па авионот набрзина се склопува и се носи од Нирнберг за да не се распадне коалицијата. Се враќа во Македонија и Џафери го користи,рече Томовски.
Директорот на СОЗР додаде дека поради тоа пропаднале и билетите на пилотите во вредност од 300 илјади до 400 илјади денари запат до САД, каде требало да вежбаат на симулатор, пред да им биде заменета агендата. Томовски додаде дека овој случај го пријавил во Обвинителството и дека очекува истрага.
Тој и претходно еднаш изјави дека од поранешниот министер Бојан Маричиќ и од Џафери имало обиди за злоупотреба на владиниот авион. Маричиќ барал со владиниот авион да лета од Скопје до Ниш, а Џафери го барал авионот додека е на сервис, и било побарано веднаш да биде вратен во Скопје, за да не се распаднела коалицијата СДСМ – ДУИ.
Можеби ќе ве интересира
СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Честитката за независноста на Косово е упатена преку МНР

Жена со автомобил кој го бара Интерпол е фатена на Табановце

(ВИДЕО) ПО ПОВОД 17 ГОДИНИ ОД НЕЗАВИСНОСТА НА КОСОВО: Група скијачи поставиле џиновско знаме на Попова Шапка

ОЈО: Извршен увид во Вишото обвинителство за случајот на злоупотреба на функција

НАД 11.000 ЗАБОЛЕНИ ОД ГРИП ОВА СЕЗОНА – ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКИ ВО БОЛНИЦИТЕ: Забрана за посета на хоспитализираните пациенти

ДУИ ОБВИНИ ДЕКА ОВА Е ПРЕСЕДАН: Тврдат дека државниот врв не ја честитал независноста на Косово
ГАШИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: На мејл му пишале дека ќе влезат во Собрание и ќе убиваат ако ги внесат Бугарите во Уставот

Митко Јанчев повторно пријави дека му се закануваат, едно лице веќе доби осум месеци затвор

КОЦЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ И КАЖА ЗОШТО ЈА ПРЕДЛОЖИЛ КРСТЕВСКА ЦАЛЕВА ЗА ШЕФИЦА ЗА ВЈО: „Нарушени се меѓучовечките односи“
