20 Април, 2024
0.0372

Томе Аџиев: Не може да се поништи лустрацијата со укинување на судски одлуки

Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, смета дека законскиот предлог на СДСМ за поништување на лустрацијата и за обештетување на лустрираните е противуставен затоа што одлуките правосилно ги носеле судовите.

Аџиев во емисијата 24 Отворено на 24 Вести тврди дека со тоа ќе се направи правен преседан и ќе се наруши целиот правен систем. Како што вели тој, одлуките биле потврдени со две правосилни пресуди од редовни судови.

- Ова е правен преседан. Лустрацијата беше прекината во 2017 година. Сите предмети поминаа два редовни судови. Сите одлуки се потврдени со 2 правосилни пресуди од редовни судии. Наеднаш доаѓа нов закон со кој се поништува друг закон односно да се поништат одлуките на судот. Ако законот биде донесен нема да биде Уставен, подвлече Аџиев во дебатата.

За случајот со поранешниот директор на Фондацијата „Отворено општество“ Владимир Милчин, кој е осуден во процесот на лустрација и посочен како соработник на службата за државна безбедност, тврди дека бил под редовната процедура на регрутирање на соработниците. 

- Сите управни спорови се водат врз основа на документи, ниту комисијата за лустрација немаше право на збор. Милчин беше следен од службите на државна безбедност како припадник на граѓанската десница, а потоа бил врбуван. Така бил користен да прибира информации и не е точно дека бил жртва на два режима, наведе Аџиев.

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува предлогот и тврди дека лустрацијата била „најмека“ во однос на другите земји и дека не треба да се обештетуваат кодоши. Во моментов и помалиот коалиционен партнер од владеачкото мнозиснтво ДУИ испраќа сигнали дека законот треба да се разгледа по изборите. СДСМ останува на ставот дека поранешната власт ја злоупотребила Комисијата за лустрација за одмазда и реваншизам кон неистомислениците, а не заради укинување на привилегиите на оние кои соработувале со тајните служни заради напредување во кариерата.


Можеби ќе ве интересира

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ: Дали Анкара пратила 5 барања за случаите на „ФЕТО“?

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: На експресниот пат Штип-Кочани загинаа две лица

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

БОЈМАЦАЛИЕВ: Над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите