ТОЛКУ ЛИ БЕШЕ: Бугарија веќе нема да продава државјанства за оваа категорија странци
Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2019
Богатите поединци повеќе нема да може да купуваат бугарски државјанства.
Ова станува јасно од информациите од Министерството за правда во Бугарија од каде се додава дека тој систем не ја донел очекуваната финансиска корист.
„Податоците укажуваат дека не е постигната целта на зголемување на реалните странски инвестиции и економски развој. Не се отворени нови работни места и не е забележан економски раст“, се наведува во соопштението на Министерството.
Како што пренесуваат медиумите повикувајќи се на бугарското министерство за правда, од 2013 година, околу 50 странци од Русија, Израел и Пакистан купиле бугарско државјанство.
Македонските граѓани пак се меѓу оние кои плаќаат околу 500 па до 1500 евра за бугарско државјнство.