„ТОЧНО Е ДЕКА ТАКСИ ВО СКОПЈЕ ЌЕ СТАНЕ ПОСКАПО ОД АВИОНСКА КАРТА, АМА КАДЕ И ДА ЛЕТАТЕ НЕМА ДА МОЖЕТЕ ДА СЕ ВОЗИТЕ ВО КОЛА КОЈА СМРДИ НА ПЕПЕЉАРА„: Многу фина, распали за поскапувањето на такси превозот
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2024
Веста за поскапувањето на такси превозот во Скопје одекна како бомба, а по тој повод без коментар не можеше да остане ниту Ина многу фина, која има прилично голем број следачи и речиси секогаш ги коментира социјалните теми.
„Точно е дека такси во Скопје ќе стане поскапо од авионска карта ама полека малце, каде и да летате нема да можете да се возите во кола која смрди на пепељара, има штрафцигер на прозор и шоферот ти ги раскажува вестите од денес да не се зрачиш да читаш од телефон додека диспечерката им се ****** на колегите што не и се јавуваат. Значи не е само ајде да се плука, повеќе услуги се во едно затоа е таа цена“, напиша таа на социјалните мрежи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.