24 Април, 2024
0.0305

Точак

Објавено во: Колумни 10 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Морам да признам- ми годат честите и упорни покани на ФБ од групата „Цело Скопје на точак“ за учество на разни дружби по градот,се разбира заедно со „гуменото магаре“.Не ми е гајле од кај знаат дечкиве дека не се симињам од точак скоро цела година,по цена на синузитис и настинки со различен интензитет(најчесто ги добивам кај Цопка пред Мак-Пен каде што испотен седам по час-два на муабет и пијачка со младите пријатели)-ме прислушнуваат ли или ме сликаат со тајни камери......Се радувам како мало дете гледајќи дека насекаде низ главниот град се прават нови и се поправаат старите велосипедски патеки и како се грижат за нас,но и за чистотата и намалувањето на сообраќајниот метеж.

Велосипедот од памтивек бил главно превозно средство на овие простори од обете страни на Вардар.Комбиниран со зембил и конопени вреќи служеше за м ,кнење  зарзават и овошје од пазарите,со монтирано седиште и заден багажник е превоз за децата на убавите песочни плажи покрај тогаш чистата и мирисна река со прозирна сребреникава вода,со девојката седната на рамот за возбудливи и треперливи ноќни прошетки низ трети дел на паркот,со трски,мамци,мезе и шише со ракија за одење по риба.....секојдневното возење до работа и до дома- овде се подразбира.

Беше срам за секој оној што не знае да вози точак(во последно време се нарекува велосипед,како што на новокроатски бил прекрстен во „меѓуножно гурало са напухалицама“)-Господ да чува и да брани,велеше мајка ми за секоја ваква или слична состојба на духот.Од мали чекавме пригода да се добереме до точак,да го повозиме на педала,а откако ќе се охрабревме го возевме под рам-вистинска вратоломија што многумина скапо ги чинеше додека ја совладуваа циркуската вештина.

Немавме претстава колку многу се вози ова едноставно и евтино превозно средство додека не стасавме за одење на фудбал на Градски.Просторот од сегашна Маракана,па се до билетарницата беше натрупан со оставени точаци на бедемот,покрај оградите на помошното

игралиште и игралиштето на Работнички-со еден збор вриеше од точаци,главно приправени и репарирани стари Розинанти, за кои во шега велевме дека ги оставил Хитлер безглаво бегајќи накај дома!Додуша имаше и луѓе кои се грижеа за своевидното паркирање на двотркалните љубимци,но ни ден денеска не ми стана јасно како по утакмица луѓето си ги наоѓаа(сега за волја на вистината дур се свртиш точакот-маунт бајк или 18-тобрзинец го сменил барем еднаш сопственикот).

За 50 годишнината од земјотресот една од повозбудливите потресни фотографии што значеа дека градот се враќа во живот беше онаа со илјадниците точаци наредени уредно на бедемот пред и по натпреварот Вардар-Партизан, на само нецел месец по катастрофата.

Со еден збор-не сме Амстердам за возење велосипед,но имаме големи предиспозиции да го стасаме!Толку.


Пишува: 

Мојсо Мојсовски

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок