25 Април, 2024
0.0268

ТОА БИЛО ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА: Кој ја купи српската Комерцијална банка

Објавено во: Економија 25 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Комерцијална банка во Србија, која држи 11 отсто од пазарот во таа земја ќе ја купи словенечката Нова љубљанска банка (NLB) во која државата Словенија има дел од 25 отсто, објавија српските медиуми.

Како што пренесуваат, NLB дала најдобра понуда за купување на Комерцијална банка.

Владата и NLB донеле одлука за прифаќање на понудата и сега преостанува само потпишување на договор за купопродажба за 83,23 отсто од акциите на Србија во Комерцијална банка, наводно рекол владин извор за српски Блиц.

Новости пак пишуваат дека им е потврдено оти преговарачкиот процес е завршен и дека се очекува потпишување на договорот.

Според информациите на Блиц, NLB банка дала понуда која за неколку десетици милиони евра е повисока во однос на понудата на второрангираниот и треторангираниот потенцијален купувач.

Во конкуренција за купување на Комерцијална банка покрај NLB биле уште две банки кои имаат бизнис во Србија - Рајфајзен и АИК банка.

Комерцијална банка минатата година остварила рекорден профит од околу 74 милиони евра, а според висината на активи е трета банка во Србија. Има вработени 2744 луѓе, и во Србија има нешто повеќе од 200 филијали.

На Белградската берза Комерцијална банка вчера вредела неполни 460 милиони евра.

Како што наведуваат српски медиуми, министерот за финансии Предраг Мали рекол на 4 февруари дека две до четири недлеи од тогаш ќе биде потпишан договор за продажба на Комерцијална банка.

Гувернерката на Народната банка на Србија Јоргованка Табаковиќ пак рекла дека Комерцијална банка не треба да се продава.


Фото: Beta

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија