25 Април, 2024
0.0325

Тевдовски: Нето-задолжувањето со оваа еврообврзница изнесува околу 300 милиони евра

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Mинистерот за финансии, Драган Тевдовски денеска изјави дека нето-задолжувањето со оваа еврообврзница изнесува околу 300 милиони евра. 

Вели дека интересот на инвеститорите бил огромен, а тие беа подготвени да вложат над 3,5 милијарди евра. Според Тевдовски, ова е најцврст можен доказ дека меѓународните инвеститори веруваат во перспективите на македонската економија и долгорочната стабилност на земјата.

„За споредба, претходните пет еврообврзници беа издадени по значително повисоки каматни стапки кои се движат помеѓу 3,975% и 9,875%, односно нивната пондерирана просечна каматна стапка изнесува 5,34%. Со дупло пониската каматна стапка од 2,75%, постигнуваме заштеди по камати во вкупен износ од околу 90,6 милиони евра, во однос на случајот ако се издадеше еврообрзница на истиот износ и рочност, но со повисоката просечна каматна стапка (од 5,34%). Приливите од еврообврзницата ќе се користат главно за покривање на буџетскиот дефицит. Посликовито, ова ќе биде користено меѓу другото и за повисоки плати и инвестиции во образование и здравство, поддршка на домашните и странските претпријатија, зголемување на средства во одбраната заради прилближување до НАТО стандардите, интензивирање на капиталните инвестиции и слично. Покрај ова, со еврообврзницата ќе бидат вратени и претходно направени долгови. На 29. jануари ќе се отплати првата рата на PBG-кредитот земен во 2013 година во износ од 95 милиони евра“ - вели Тевдовски. 

Министерот рече дека ги искористиле поволните услови на меѓународните пазари и срушиле дел од огромниот ѕид на долгови со кои се соочува Македонија во 2020 година. Додава дека предвреме е вратена една третина од еврообврзницата од 270 милиони евра издадена во 2015 година која достасува во декември 2020 и чија што каматна стапка на издавање од 4,875% е значително повисока од каматна стапка на новоиздадената еврообврзница од 2,75%.

„Со ова го намаливме долгот кој достасува во 2020 година и обезбедивме значително понизок ризик на рефинансирање. Македонија првпат во историјата прави ваква операција на предвремено враќање на дел од еврообврзница, со што се сврстува во редот на развиените земји каде ваква проактивна политика на управување со јавниот долг е стандардна процедура“ - рече Тевдовски.  

Македонија успешно издаде еврообврзница со историски убедливо најниска каматна стапка од 2,75%, рече министерот. 

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди