20 Април, 2024
0.1084

Тевдовски: Имаме подобри економски резултати од претходната власт

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Драган Тевдовски, министерот за финансии, денеска рече дека воведувањето на прогресивен данок за доходи кои месечно надминуваат 1.500 евра се покажало како исправно, бидејќи краткорочните резултати од оваа година велат дека има раст на платите, вработувањето, БДП и наплатата на даноците.

- Велеа дека ќе бидат погодени платите на програмерите и оние во секторот комуникации. Тие се најголеми плати и најчесто го надминуваат прагот од 1.500 евра за прогресивно оданочување. Платата на програмерите е за 5,5 отсто зголемена оваа година споредено со истиот период лани, а кај комуникациите вработувањето е зголемено за 1.500 лица во однос на првиот квартал од 2018 - вели Тевдовски. 

Додаде дека има дополнителни 17.000 вработувања по првите три месеци од 2019, а невработеноста е сведена на 17,8 отсто. Тевдовски не сакаше да одговори децидно дали платата, според владината програма, ќе достигне просек од 500 евра до крајот на редовниот мандат, но вели дека економските резултати биле подобри од претходната власт.

- Остваруваме многу позитивни резултати, растот на платите се одвива постојани. Динамиката на нивниот раст е многу побрза отколку онаа на претходната власт. Во последните пет месеци тој е 3,4 отсто и е поголем од просекот од последните седум години кој изнесува околу 2 отсто. Ние ќе продолжиме да правиме притисок тие да растат се повеќе - рече Тевдовски.

Смета дека неговиот однос со бизнис заедницата не се влошил по имплементацијата на новата фискална политика со прогресивниот данок.

- Имам редовна комуникација со бизнис-секторот, редовно одам на средби со Стопанската комора. Имаме сет на мерки за поддршка на бизнис фелата, а особено за оние кои ја зголемуваат платата. Министерството за финансии има свои инструменти за нивна поддршка и средства со кои им помага. Последните резултати покажуваат дека праведното оданочување не му наштетува на бизнисот и не ја блокира економијата - наведе Тевдовски.

Додаде дека шпекулантите тврделе дека со воведувањето на овој данок ќе се загрозела вработеноста кај младите, но таму, според министерот, бројот на вработувања на лица до 24 години во јануари, февруари и март годинава е плус 4.5 илјади.

- Велеа дека ќе ослабне и индустријата, а таа нарасна за 7,9 отсто од јануари до април, а просекот од последните седум години е 2,7 проценти. Треба да се знае дека парите собрани од овоа профресивно оданочување одат за социјално најранливите. Социјалната реформа е спорведена и од оваа недела зпаочна исплата на повисоки трансфери за 25 илјади домаќинства - тврди тој.

Наплатата на личниот данок на доход оваа година досега е за околу 17 отсто повеќе, што според Тевдовски ги негира некои од прогнозите дека ќе имало даночна евазија. 

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ