29 Март, 2024
0.0239

Тевдовски ги нуди како „европски“: Две банки веќе имаат помала камата за станбен кредит

Објавено во: Финансии 29 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Државaта нуди субвенционирани кредити по пониски камати за проектот „Купи куќа, купи стан“ a министерот за финансии Драган Тевдовски ги промовираше стапките како „европски“. Mеѓутоа дел од комерцијалните банки кои имаат станбени кредити во понудата, нудат и пониски камати за станбените кредити од „субвенционираните“.

Пред три дена министерството објави дека ја намали каматата на станбениот кредит од 3,95 на 2,9 проценти. Државата нуди неколку поволности, меѓу кои плаќање половина рата или за учество. Сепак анализа на каматните стапки на повеќето банки покажуваат дека ова не е најниската камата на пазарот. 

ТТК Банка во моментов нуди фиксна каматна стапка од 2,85 отсто за првите три години, која нараснува на 3,85 за четвратата година. Втората банка е Силк Роуд со понуда од 2,7 отсто каматна стапка за првите три години и 4,70 отсто за четвртата и петата година од отплаќањето.

Според новите поволности кои се најавени за проектот „Купи куќа, купи стан“, ограничувањата на каматните стапки се до 2,9 отсто во првите три години, 3,9  проценти во седните две, а потоа по избор на кредиторите. Претходните каматни стапки пред да се намалат изнесуваа 3,85, односно 4,44.

„Договорите треба да бидат потпишани со министерството за финансии веднаш кога законски тоа ќе биде овозможено, а инаку аплицирањето за проектот под новите поволности веќе е започнато, само што исплатите ќе започнат кога ќе добиеме законска дозвола за тоа“, велат од банките.

Во однос на самите рати, неприкосновено останува субвенционирањето на месечната рата од станбениот кредит. Условите се брачните другари да не бидат постари од 35 години и двајцата заедно да не остваруваат поголеми месечни приходи од 1.300 евра, односно 900 евра од поединец. Од сега брачниот пар може да поседува друг имот за да аплицира, но да не биде повреден од 30.000 евра.

„Најголема новина и поволност за граѓаните е значителното намалување на каматните стапки. Намалувањето на каматните стапки значи сериозна заштеда за граѓаните. На пример, за кредит од 50.000 евра, само по основ на камати граѓаните ќе заштедат 1.300 евра“, рече Тевдовски при презентирањето на мерките кога го врати повторно проектот во игра.

И останатите приватни банки во моментов нудат промотивни камати како оние Охридска банка и НЛБ. Проектот ќе го спроведуваат речиси сите кредитори освен една приватна банка.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка