20 Април, 2024
0.0259

Тевдовски: Државните хартии од вредност ќе котираат на Македонска берза

Објавено во: Финансии 02 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Државните хартии од вредност ќе котираат на Македонската берза. Тие ќе станат достапни и за странските институционални инвеститори, а зголемената побарувачка ќе придонесе да се намалат каматите за државата. Ова го најави министерот за финансии Драган Тевдовски на Шестиот Ерсте инвеститорски појадок.

-Сведоци сме на раздвижување на Македонската берза. Од почетокот на годинава има значајно зголемување и кај обемот и кај вредноста на МБИ10. Во оваа насока сакам да најавам дека Министерството за финансии е во преговори со Македонска берза државните хартии од вредност да почнат да котираат на берзата. Тие ќе станат достапни и за странските институционални инвеститори. Зголемената побарувачка ќе придонесе да се намали каматниот трошок на државата. А, ќе се зголеми и ликвидноста и транспарентноста со секундарното тргување - рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека Министерството за финансии ја следи европската пракса кај пазарот на капитал. Со гласно тоа, Законот за хартии од вредност, донесен во 2005 година, ќе биде заменет со два нови закони.

-Со нив ќе се подигнат стандардите за транспарентност на пазарот и ќе се воведе повисоко ниво на заштита од злоупотреби согласно со европската пракса. Во дизајнирањето на реформите значајна улога има и Советот за развој на пазарот на капитал, каде покрај регулаторите членуваат и асоцијациите на банки, хартии од вредност, осигрурување и инвестициските фондови - рече Тевдовски.

Министерот за финансии рече дека Владата е посветена на реформскиот процес. Тој посочи дека бизнис климата е подобрена и дека Владата има фер третман кон сите инвеститори. Се работи на системски решенија во јавните финасии, а веќе е значајно подобрена фискалната транспарентност, истакна Тевдовски.


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин