ТЕСТ ОДМОР: Првите гости стигнаа на Родос
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 12 Април, 2021
Холандски туристи пристигнуваат на островот Родос на тест одмор под посебни правила.
Со чартер лет, 189 туристи од Холандија, попладнево пристигнаа на Родос, како дел од експеримент и пилотска програма во пресрет на новата туристичка сезона. Седумдневниот одмор на Холанѓаните, сепак ќе биде поразличен и под посебни правила и прописи, како што се неколку тестирања за Ковид-19, но и забрана за излегување од хотелот во кој ќе бидат сместени и во кој нема да има други гости. Три дена пред поаѓањето, но и три дена пред заминувањето ќе им биде направен ПЦР тест, а во меѓувреме ќе бидат тестирани и со рапид тестови. Можност за пријавување имале лица од 18 до 70 години, а според медиумите биле пристигнати 189-те лица биле меѓу 25.000 пријавени, а избраните туристи сами си ги покриваат трошоците за патувањето во висина од 400 евра.