24 Април, 2024
0.0264

ТЕШКО ЌЕ БИДЕ БЕЗ НОВ СЕТ МЕРКИ - работодавачите предупредуваат

Објавено во: Економија 09 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Организацијата на работовачи бара што поскоро формирање на Влада и донесување на нов сет антикризни мерки, порача нејзиниот претседател Ангел Димитров кој потенцира дека особено на удар е текстилната индустрија.

Бизнисот со шиење на заштина опрема и маски стагнира, а работодавачите алармираат дека на голем број конфекции им се заканува затворање во октомври поради намалената побарувачка од нивните традиционални партнери. Се жалат дека се оставени сами да се справуваат со ситуацијата во која голем дел од работниците се дома или се позитивни на коронавирус или се наоѓаат во изолација.

Димитров вели дека мора да се донесе и нов сет на мерки во насока на зачувување на работните места. Една од нив, предлага тој, да биде по примерот на Германија каде трошоците за работниците за четири часа ги подмирува работодавачот, а за останатите четири часа државата.

Анализата на Кластерот за текстил покажа дека е можно отпуштање во овој сектор, посебно ако пандемијата со овој интензитет продолжи до крај на годината. Тоа и догодина би значело помала ликвидност и повеќе загубени работни места. Дел од штипските текстилци уште во јули најавија можност за намалување за пола на бројот на вработени во оваа гранка.

Димитров потенцира дека добро е што се објавија имињата на фирмите кои ги злоупотребијa парите за работниците, а, како што вели, списокот покaжува оти големите текстилни компании немаат направено вакви злоупотреби. Тој истакна дека бараат од Владата преку електронскиот систем за исплата на плати строго да контролира дали парите стигнале до вработените и јавно да ги објавуваат сите што направиле злоупотреби. Но, бараат и прецизни одредби за да нема манипулации.

Како последица на коронавирусот, во источниот регион од државата во различни периоди повремено беа затворени над 20 текстилни фабрики. Најголемиот дел во Штип, а останатите во Свети Николе и во Пробиштип. Поради алармантната ситуација во Штип, дел од конфекциите од 1 август се наоѓаат на колективен годишен одмор. Голем дел од нив со работа продолжуваат од утре.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска